Се чини дека Нејт Дијаз е склон да учествува во ММА борба со докажан боксер како Дионтеј Вајлдер. Двајцата изгледаат подготвено да се сретнат во боречкиот кафез. Поранешниот борец на УФЦ Дијаз има огромна база на фанови во светот во боречките спортови ширум светот и моментално напредува во боксот благодарение на неговата последна борба со Џејк Пол.
Поранешната ѕвезда на УФЦ доби понуда од ПФЛ да се соочи со Пол во ММА борба. Сепак, Дијаз ја одби понудата, велејќи дека повеќе би сакал да се бори со „вистински борец“. Изгледа дека Нејт го избра својот следен противник, а тоа е поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер.
За време на интервјуто за ИнсајдФајтинг, Вајлдер беше запрашан дали би бил подготвен да се бори со Дијаз во ММА. „Бронзениот бомбардер“ веднаш се согласи и покрај тоа што нема искуство во ММА. Очигледно, Дијаз намириса лесни пари против Вајлдер и го повика брзо да потпише.
„Да ги потпишеме овие договори што е можно поскоро. Почит за овој вистински борец кој е подготвен за вистинска борба. Го сакам боксот, но во ММА е поинаку”, напиша Дијаз на социјалните мрежи.
Let’s get these contract written up asap..
Real fight shit respect to a real fighter down to fight for real. All love to boxing
But this is different REAL 👊🏼 shit LFG
1993 🥋 pic.twitter.com/IFzcMx4Fpd— Nathan Diaz (@NateDiaz209) November 9, 2023