Американскиот ММА борец, Нејт Дијаз, доби медицинска забрана да се бори во следните 45 дена. Поради ударите добиени во победата над Конор Мек Грегор, тој ќе одмора месец и половина. Забраната е вообичаена практика, која ја користи Атлетска комисија на државата Невада. И покрај успехот лицето на Дијаз изгледаше ужасно. За разлика од него, Ирецот е без медицинска забрана.