На социјалните мрежи кружи хит видео од борбата помеѓу Спајк Карлајл и Били Карантиљо во кое подебелиот крај го извлече борецот од САД.
Карлајл со силни удари го патосираше противникот и кога мислеше дека се е готово се тргна на страна.
До крајот на рундата имаше уште само неколку секунди, кога Карантиљо доби енергија, брзо стана на нозе и со силен удар од назад го патосираше борецот со прекар „Алфа Џинџер“.
Карантиљо продолжи да го удира противникот кого овој пат го спаси сирената која означи крај на рундата, во спротивно не му бегаше откажување на борбата.
На крајот Били Карантиљо ја однесе победата откако тројцата судии пресудија во негова корист.
#UFC | Billy Quarantillo VS Spike Carlyle. pic.twitter.com/BLO85x8Tyx#UFCVegas #FaltaTáctica
📹: UFCESPANOL
— Falta Táctica 🇲🇽 (@FaltaTactica2) May 31, 2020