Не ограбија! Фановите не се задоволни од пријателството на Пол и Мајк Тајсон (ВИДЕО)

Џејк Пол и Мајк Тајсон славеа заедно за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Џејк, секогаш подготвен за акција, дури и го крена „Железниот“ Мајк на рамениците. Тие заедно славеа со Ивандер Холифилд, стариот ривал на Тајсон, кој исто така среќно се приклучи. Сликите брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа многу гневни реакции кај љубителите на боксот.

Луѓето кои ја гледаа борбата Џејк Пол против Мајк Тајсон минатата година, сега се чувствуваат ограбени.

„Сега со сигурност знаеме дека борбата е наместена“, напиша лут фан на Инстаграм.

Растат критиките кон Пол и Тајсон, особено меѓу навивачите кои сериозно го сфаќаат овој спорт.

„Не изиграа и заработија милиони“, напиша друг фан.

Гневните коментари не престануваат под видеото и мнозинството се децидни дека Тајсон и Пол ги ограбиле. Нивната пресметка се случи кон крајот на 2024 година во Тексас, каде навивачите го исполнија стадионот за да ги гледаат. Сите очекуваа акција, но наместо тоа видовме пријателски спаринг за милиони долари.

Еве како се дружат Пол и Тајсон откако заработија милиони од нивната борба:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО