Рускиот ММА борец Хамзат Чимаев (30) се соочи со критики од навивачите откако рече дека неговата следна борба треба да биде за појасот.
Фановите на социјалните мрежи веруваат дека, бидејќи Чимаев допрва треба да се бори во 2024 година и не победил ниту еден од борците кои моментално се рангирани во топ 10 во средна категорија, не заслужува шанса за титулата. Да потсетиме дека во јуни Чимаев се повлече од борбата против Роберт Витакер.
Двајцата требаше да се пресметаат во Ријад, но на Чимаев му се слоши и се откажа од настанот. Сега ја сака титулата, но навивачите го ставија каде што му е местото.
„Една откажана борба и една крипто измама во 2024 година. Дајте му шанса на моето момче за титулата“, напиша еден фан на социјалните мрежи Х (поранешен Твитер).
„Лудиот измамник не го заслужува ова“, напиша друг корисник.
„Борба за титулата?!?! Тој се повлече од именувањето минатиот месец. Мислам дека работите не функционираат така, хахаха“, напиша друг фан на социјалните мрежи.
„Дали ви се гади и од овој тип“?
Навивачите се децидни дека Чимаев не треба да се бори за појасот. Чеченецот последен пат се бореше кон крајот на 2023 година и забележа контроверзна победа над Камару Усман, кој ја прифати борбата без тренинг камп.
View this post on Instagram