Навивач се обиде да го нападне Конор Мек Грегор! Телохранителите го претепале (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор даваше автограми кога еден фан му пријде одзади со нејасни намери. Сепак, пред да ја допре ирската ѕвезда, наиде на жестока одбрана од неговите телохранители. Резултатот? Крваво лице и видео кое стана вирално на социјалните мрежи.

Турнирот БКФЦ 71 произведе неколку забавни моменти во рингот кои самиот Конор Мек Грегор, како косопственик на организацијата, ги гледаше од првиот ред. Кога заврши настанот се посвети на фановите, се сликаше и даваше автограми. Но, сите не беа импресионирани од неговиот пристап.

Непознат маж истрча зад Мек Грегор токму во моментот кога тој стоеше на трибините меѓу навивачите. Се приближи неочекувано, брзо, но доволно бавно за да биде спречен од обезбедувањето.

Живиот штит околу ирскиот борец реагираше за неколку секунди. Еден од телохранителите го испратил агресорот на земја.

На видеото споделено на Х, може да се види како напаѓачот е удрен во лицето и облеан во крв. Теолхранитечите веднаш го приклештиле на земја. Мек Грегор не направи ниту еден театарален потег, не влезе во конфронтација. Направи чекор назад и го остави неговиот тим да се справи со она за што се платени.

„Не реагирав. Знаев дека можат да се справат. Ги имам најдобрите луѓе околу мене”, рекол Конор за своите чувари.

Полицијата пристигнала неколку минути подоцна. Сè уште не е познато дали овој навивач ќе биде обвинет или само ќе заврши со тупаница од телохранителот на челото како спомен на најлошата идеја за оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON