Натпреварувачка на УФЦ се пожали дека гладува

Натпреварувачката во петел катеорија на УФЦ, Дуда Сантана, се пожали на глад за време на пандемијата на коронавирусот. Таа се потпира на донации од нејзините колеги за да преживее заедно со семејството. 24-годишната Бразилка, која живее во сиромашните населби во Рио де Жанеиро со нејзината ќерка, браќа и сестри, има многу потешкотии, затоа што ниту едне член од семејство не работи.

„Секој ден е борба. Дури и не знам како да одговорам на тоа прашање – „како заработувам за живот“. Ниту јас работам, ниту мајка ми. Има денови кога се будиме со ништо и Бог ни дава поддршка. За време на Светата недела немавме што да јадеме – ниту јајце, ниту риба.

Еден пријател на семејството ја донесе риба. Ситуацијата е ден за ден. Ситуацијата е комплицирана. Не сум се борела некое време, парите се трошат. Ние сме уништени, како и сите други. Зависиме од борби и победи. Работиме напорно и напорно тренираме“, изјави Сантана за Комбат.

По интервјутото, нејзините бразилски колеги се организрале и донирале пари. Гловер Тешеира е првиот донатор, по што следуваа Алан Патрик, Аманда Рибас, Андерсон дош Сантос, Рафаел Песоа и други. Дуда е со скор 3-1 во ММА и дебитира спо пораз во УФЦ минатиот јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON