Наташа Сетфановска (-61 кг) за 24 секунди ја загуби борбата за бронзениот медал на Европското првенство во Монпелје со Србинката Јована Прековиќ.
Нашата каратистка е поразена со 5-0. Србинката поведе со 1-0, за на крајот да направи ипон и јуко. Во вкупниот пласман Стефановска е петта.
Правата надеж за медал на ЕП пропадна, ги чекаме настапите на Емил Павлов и на Пуликсенија Јованоска во кати.
Стефановска претходно за белажа победи против Италијанката Лаура Пасква 4-1, Унгарката Никола Барта 1-0, загуби од финалистката Луси Игнас од Франција со 0-1, а во репасажот ја совлада Швајцарката Рамона Бридерлин со 1-0.
Ipon.mk/В.Д.