Наташа Стефановска (-61 кг) од Макпетрол го освои бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, откако во долучувачката борба во репасажо ја совлада Ема Аронен од Финска со 2-0.
Стефановска во првата борба во репасажот беше подобра од Ешли Скот од Англија откако борбата заврши 4-4, судиите одлучија дека нашата каратистка била поактивна и подобра.
Инаку, во првото коло Наташа ја совлада Русинката Ксенија Малиута со 1-0, со истиот резултат беше совлдана и Хилал Ер од Турција, па Ноеми Корнефелд (Швајцарија) 2-0, а во четвртфиналето загуби минимално со 1-0 од актуелната свестка шампионка, Французинката Луси Игнас.
Во оваа категорија настапија и Симона Забосрка (Макпетрол) која беше поразена од Ема Аронен од Финска со 3-2 и Анамарија Несторвска (Металург) која беше совлдана со 4-0 од Сања Цвркота (Србија).
Моника Стефановска (-68) од Макпетрол забележа победа и пораз со 2-0 против Французинката Леа Левасур и Анамарија Крижан од Хрватска.
Женскиот ката тим беше поразен со 3-2 од Малезија.
Дејан Павлов (Макпетрол) во категоријата над 84 кг се сретна со европскиот првак Слободан Битевиќ (Србија) и беше поразен со 2-0, можеби тремата по камбекот на Павлов и темпертаурата влијаеја и за големо изнанадување на овој турнир од Премиер лигата. И Емир Ќосовиќ (Металург) е поразен во првата средба со 2-1 од Иван Клепиќ (Б и Х). Шабан Муртиши (-60 кг) од Дрини беше поразен од Јапонецот Шохеи Тојама 2-0, но тој го повлече во репасажот, каде што нашиот натпреварувач се бореше 1-1 со Даниел Михаел Дасол од Белгија, но победат му припадна на противникот.
ipon.mk/В.Д.