Настапот на Џоушуа не го импресионираше тренерот на Вајлдер: Нема да издржи повеќе од четири рунди со Дионтеј

Ентони Џошуа го победи Роберт Хелениус со нокаут во седмата рунда во Лондон минатиот викенд и сега е подготвен за борба против Дионтеј Вајлдер.

Како што рече Еди Херн, нивната борба треба да се одржи во јануари на голем боксерски настан во Саудиска Арабија.

И тренерот на Вајлдер, Малик Скот, се огласи за последниот меч на Џошуа и тврди дека Бронзениот бомбардер ќе ја заврши борбата против Еј Џеј до четвртата рунда.

„Мечот стигна до седмата рунда, а што се случуваше пред тоа? Рекоа дека Еј Џеј бил трпелив и не сакал да оди на нокаут. Но, имаше шанси на почетокот, ама не ги искористи. Неговиот следен противник треба да биде Дионтеј, најтешкиот напаѓач во историјата“, изјави Малик Скот и му порача на Џошуа веднаш да започне со тренинзите, а потоа ја даде својата прогноза како би можел да се одвива нивниот дуел:

„Ништо не ме импресионираше со Џошуа освен нокаутот. Вајлдер не би требало да има проблем во меч со Еј Џеј. Сега сум уште поубеден дека Џошуа нема да издржи повеќе од четири рунди. Дионтеј ќе го нокаутира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON