Наследникот на Хабиб ќе дебитира во УФЦ

Мохамед Мокаев ќе дебитира во најпознатиот ММА синџир во светот. Да потсетиме дека во ноември потпиша договор со УФЦ и моментално е најмладиот борец во компанијата. Во родниот Дагестан важи за следниот Хабиб и е близок до непоразениот поранешен шампион во лесна категорија на УФЦ. Борецот има за цел да стане најмладиот шампион во организацијата.

Тој за прв пат ќе влезе во октагонот на УФЦ Фајт најт 206 на 19 март 2022 година. Средбата ќе биде против Коди Дарден и ќе биде во мува категоријата.

Мокаев има биланс од 6 победи од 6 натпревари во ММА. Борецот роден во 21 век победи на 4 меча пред финалниот уадр во гонг (2 со нокаут и 2 со принуда). Русинот ја претставува Англија и има само 21 година. Неговата професионална кариера започна во 2020 година во Брејв ЦФ, но импресивно е што претходно имаше 23 победи од 23 средби во аматери, а првата пресметка му беше во 2015 година, кога Мокаев имаше само 16 години. Дебито го доби со одлука над Глен Меквеј на 1 август 2020 година, а потоа продолжи со уште 3 победи во овој синџир и 2 во англискиот Селтик Гладијатор – ЦГ. Мокаев последен пат го победи Блејн О’Дрискол со завршница во втората рунда од настанот Брејв ФЦ 54.

Коди Дарден се натпреварува во петел категорија. Досега има 11 победи, 1 реми и 3 порази во ММА. Тој победи на 10 натпревари со завршница (5 со нокаут и 5 со принуда). Неговата кариера во ММА започна во 2016 година со дебито против Маркус Левестер, нокаутирајќи го во првата рунда.

30-годишниот борец беше во серија од 7 последователни победи во ММА пред да потпише со УФЦ. Во дебито заврши нерешено со Крис Гутиерез на 1 август 2020 година, кога Мокаев го направи професионалното деби. На крајот на декември 2020 година Дарден го собра доживеа првиот пораз во УФЦ – од Џими Флик со завршница во првата рунда, но минатиот ноември со одлука го победи Киленг Аори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON