Нашите репрезентативци одредија ред на Европското првенство во борење за кадети во Скопје во грчко-римски стил, бидејќи тројцата борачи што се појавија на душекот изгубија со туш или технички туш.
Ниту утре не може да очекуваме нешто повеќе, затоа што нашите борачи претежно настапуваат во слободен стил.
Резултати
-48 кг квалификации
Реџеп Поцеста – Канстанцин Ашејчјук (Белорусија) 0-8 (ТТ)
-55 кг 1/8 финале
Ваљон Бајрами – Вардан Јегијазарјан (Ерменија) 0-8 (ТТ)
-80 кг квалификации
Стефан Јованов – Фуркан Барјактар (Турција) 0-4 (туш)
Утре настапуваат
-45 кг
Ненад Панов – Јури Лупан (Украина)
-51 кг
Дарио Димитров – Евангелос Букис (Грција)
Ipon.mk