Македонската џудо репрезентативка Џенифер Реино на престижниот „Балтик куп“ во Гдинија – Полска, го освои бронзениот медал кај јуниорките во категоријата до 57 килограми.
Реино ја претставуви нашата држава во најдобро светло.
Таа во полуфиналната борба загуби од Вроцалвек Марцелина од Полска 0-10.
На истиот куп во текот на утрешниот ден ќе настапи во кадетска конкуренција што воедно ќе биде нејзин последен контролен натпревар пред Европското првенство.