Македонката Нина Ансароф успешно го помина мерењето за утрешниот УФЦ Фајт најт настан на кој се бори против Џонс Либаржер.
Нина која живее во САД ќе има голема помош од шампионката Аманда Нуњеш која неодамна ја декласираше Ронда Русеј за 48 секунди, а имаше голема помош од нашата Ансароф. Инаку тие двете се неразделни другарки.
Се надеваме дека шампионскиот дух сега е кај Нина.
Ipon.mk/В.Д.