Насе Насев добитник на Медалот за заслуги: Го издигна борењето во најуспешен спорт

Пред неколку дена, на 23 јуни, претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше Лазар Лечиќ, Владимир Богоевски, Насе Насев, Борче Костовски и Благоја Георгиевски-Буштур со Медал за заслуги за Република Северна Македонија за нивниот траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмација на македонските спорт и држава. Георгиевски беше одликуван постхумно.

По тој повод од Кабинетот на претседателот објавија видео со Насе Насев.

Во продложение погледнете го видеото:

„Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација“’, кажа Пендаровски на свечената церемонија во Кабинетот на претседателот.

Лечиќ и Георгиевски се легенди на македонската кошарка, Богоевски е еден од најдобрите македонски одбојкари на сите времиња, Насев создаде бројни генерации успешни борачи, а Костовски го водеше Дејан Георгиевски кон олимписко сребро во теквондо.

Фото: Насе Насев-Фејсбук

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON