Контроверзниот италијански ММА борец, Валтер Пуљези (28), стигна до најубедливата победа во својата професионална кариера. Благодарение на „летечкото колено“ со кое го удри ривалот во глава, сè беше готово за само седум секунди.
Борецот кој беше истетовиран по целото тело, а пред професионалната кариера беше наркодилер, немаше тешка работа да го „доврши“ противникот откако во првите секунди го испрати на подот. Следеа неколку жестоки удари над подзаспаниот Украинец Константин Линик, кој немаше никакви шанси да се врати во борбата.
Оваа борба се случи во рамките на италијанската промоција „Златен кафез“, но публиката немаше време малку подолго да ужива во мечот.
SEVEN SECOND flying knee finish by Walter Pugliesi earlier at #TheGoldenCage4 pic.twitter.com/cGK27Qehk7
— caposa (@Grabaka_Hitman) December 4, 2021
Пуљези, кој во светот на ММА го нарекуваат „Кракен“, рутински го претепа украинскиот борец откако го удри во левата страна на главата. Ова беше негова осма победа во 11-иот меч.
Пуљези е лесно препознатлив во спортскиот свет, пред сè поради тетоважите кои ги има низ целото тело. Инаку, потекнува од сиромашно семејство, а двајцата родители имале проблеми со дрогата. Поради тоа често не бил ниту дома, израснал на улица и многу брзо влегувал во светот на криминалот. Почнал да краде и да продава дрога, а веќе на 15 години за прв пат бил уапсен. Тој поминал повеќе од две години на рехабилитација, а како што истакна во едно интервју, дрогата ја заменил со ММА спортот. Сега е зависен од борби, постојано сака да се натпреварува и тврди дека влегувањето во овој спорт му го спасило животот.