Има многу предизвикувачи кои чекаат меч против големиот Киргистанец Дмитри Бивол, но на тој список е Давид Бенавидез.
Имено, претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман потврди дека Бивол (24-1, 12 КО), неприкосновениот шампион во категоријата до 79,4 килограми, мора да ја брани титулата против Бенавидез (30-0, 24 КО). Крајниот рок за преговори е 8 април.
Иако мечот Бивол – Бенавидез е нарачан, сепак, Артур Бетербиев (21-1, 20 КО), кој неодамна во реваншот за апсолутен шампион загуби од Бивол, има шанса да побара трилогија.
Турки Алалших, шеф на Сезоната во Ријад и шеф на спортски и забавни настани во Саудиска Арабија, рече дека ако Бетербиев сака трета борба против Бивол, тој и ќе ја добие.
Во тој случај Бивол би можел да биде принуден да се откаже од титулата на ВБЦ, а Бенавидез да остане во борбата за слободниот појас.
Непоразениот Бенавидез боксираше против Дејвид Морел во Лас Вегас на почетокот на февруари и победи со едногласна одлука.
Исто така беше и на неодамнешниот настан во Саудиска Арабија каде што разговараше со Алалших за плановите за неговата следна борба.
Додека ВБЦ одлучи дека Бивол мора да ја брани титулата против Бенавидез, сега треба да се претпостави дека и другите организации ќе го повлечат прашањето за задолжителна ротација.
Така, предизвикувачот на ИБФ, Мајкл Ајферт (13-1, 5 КО) веќе две години ја чека својата шанса и најверојатно неговиот тим ќе се заложи за тој да биде следен во редот.
Последниот меч во кој се појави задолжителен предизвикувач беше во јануари 2024 година, кога шампионот Артур Бетербиев со прекин во седмата рунда го победи Калум Смит.