Јапонецот Наоја Инуе (29-0, 26 нокаути) ќе се натпреварува овој викенд во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, каде што ќе го брани појасот светски шампион во супер бантам категорија против Американецот Рамон Карденас.
Инуе не се борел во Америка од 2021 година и оттогаш освои неколку неоспорни титули, а се позиционира високо на ранг-листата на најдобрите боксери во светот.
Тој е еден од најдобрите боксери во светот според „паунд фор паунд“, кој, заедно со Теренс Крофорд и Александар Усик, ги обедини титулите во две тежински категории.
Борецот со прекар Јапонското чудовиште веќе ја договори следна борба, открива промоторот Еди Херн открива дека веќе е договорен судирот против Муродон Ахмадалиев.
„И го договоривме тој меч. Конечно го договоривме – узбекистанската моќ против Јапонското чудовиште. Најдобрата борба во оваа категорија“, рече сопственикот на „Мечрум“, Еди Херн.
Узбекистанецот Муродјон Ахмадалиев (13-1, 10 нокаути) во декември минатата година го имаше последениот меч, кога технички нокаут во третата рунда го победи Рикардо Еспиноза Франко.