Статистиката што е направена од неуморни карате работници покажува колку многу медали имаат освоено нашите каратисти на европските и светските првенства за кадети, јуниори, У-21 и сениори, како и Медитеранските игри, Младинските Олмписки игри, Европските игри, Светеските боречки игри. Констатацијата е дека се освоени многу медали со кои треба да се гордееме.
Се почна со освојувањето на првиот медал (бронзен) за независна Македонија од Зоран Пејов (У-21) на Европското првенство во Кардиф, Велс, 1993 година, Наредниот ден беше освоен и првиот златен медал од Елвир Куртановиќ (У-21), а успехот го надполни Ангел Георгиев со бронза во јуниорска конкуренција.
Првиот сениорски медал е освоен во 2005 година од женскиот ката-тим во состав Тамара Рибарска, Симона Тасевска и Ивана Димитрова на ЕП во Тенерифе, Шпанија. Првиот медал (бронзен) на светските првенства го освои Жарко Арсовски во 2010 година во Белград.
Последните медали (бронзи во У-21) ги освоија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на овогодишното ЕП за кадети, јуниори и У-21.
Најкаратист е Емил Павлов – сребрен на СП, 4 медали (2 злата и 2 бронзи) на ЕП, бронза на ЕИ итн.
Статистиката покжаува дека најуспешен тренер е Бошко Заборски – неговите каратисти освоиле 22 медали. Потоа следи Мирче Јанушевски со 15 медали, па Сашко Аросвски со 8 одличја, но има и 3 како натпреварувач. Понатаму следат Александар Кузмановски со 8, Арлинд Хусеини со 7, Миланчо Черкезов 5, Златко Димоски 5, Јован Лазарев 2 итн.
Од друга страна, Сашко Арсовски е со најмногу освоени медали во сениорска конкуренција 6 и 1 како натпреварувач. Со по еден медал помалку се Бошко Заборски и Мирче Јанушевски, односно со 5 итн.
Ако на ова се додадат успесите на Светските универзитетски првенства, кои од Агенцијата за млади и спорт највисоко се вреднуваат – успех од Светска категорија, тогаш Бошко Заборски и Живко Тасевски, како селектори. Освоени се околу 11 медали, од кои два се на женските ката-тимови. Нормално, на овие настапи има каратисти-студенти од други клубови, како Емил Павлов, Берат Јакупи. Но, за овие настапи во наредна прилика.
Ова значи дека, и покрај сите препреки што ги имале, тренерите работеле, работат и ќе работат и ќе освојуваат медали. Затоа бирократските сопки треба да бидат сведени на нула. Во спротивно, ќе се радуваме и на 10 место.
Тренери со најмногу медали:
1.Бошко Заборски 22 медали
2.Мирче Јанушевски 15
3.Сашко Арсовски 8 + 3 (натпреварувач)
4.Александар Кузмановски 8
5.Арлинд Хусеини 7
6.Миланчо Черкезов 5
7.Златко Димоски 5
8.Јован Лазарев 2
9.Елвир Куртановиќ 1
10.Димче Кичевски 1
11.Петар Белистојаноски 1
12.Невзали Пајазити 1
13.Владимир Апостолов 1
14.Драгољуб Колевски 1
15.Чедомир Саздов 1
16.Петре Чешелковски 1
7.Назим Куртовиќ 1
18.Ванчо Димитров 1
19.Живко Тасевски 1
20.Атанас Филиповски 1
21.Оливер Коцев 1
ТРЕНЕРИ СО ОСВОЕНИ СЕНИОРСКИ МЕДАЛИ
1.Сашко Арсовски 6 + 1 натпреварувач
2.Мирче Јанушевски 5
3.Бошко Заборски 5
4.Арлинд Хусеини 1
5.Јован Лазарев 1
6.Миланчо Черкезов 1
7.Сашко Патраклиев 1
Во оваа статистика можно е да има и грешка, која не е намерна.
ОСВОЈУВАЧИ НА ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ МЕДАЛИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА РМ ДО ДЕНЕС корегирано