Англискиот снагатор Еди Хол учествуваше на многу светски натпревари на кои се докажува силата, а во 2017 година стигна до тронот на шампионатот „Најсилниот човек на светот“.
Откако ја стекна светската слава како најсилен човек на светот, Хол се сврте кон нови предизвици, се испроба во актерството, но и во боречките вештини.
Во март 2022 година Англичанецот боксираше против Исланѓанецот Хафбор Јулиус Бјорнсон, кој стана познат по улогата на Грегор „Планината“ Клеган во популарната хит серија „Игра на тронови“.
Во тој меч Бјорнсон со едногласна одлука на судиите го победи Хол кој тежеше 142 килограми. Тор беше десет килограми потежок.
Хол сега сака да се испроба во слободните борби, а првата борба би требало да ја има во февруари во Катар.
Турнирот ќе се одржи на 17-ти февруари во организација на промоцијата на Финишер шампионатот, а треба да настапат и Мартин Форд, Мичел Хупер и Брајан Шо.
А Хол на својот Инстаграм откри дел од подготовките во салата Еволушн фитнес XL, каде што тренираат Том Аспинал и Фил Де Фрис.
Литванецот Миндаугас Герве го удри Еди во глава со лев „висок удар“ и го испрати во нокдаун. Хол по ударот призна: „Тој беше добар“. А атмосферата на подготовките на Хол погледнете ја ТУКА.
View this post on Instagram
View this post on Instagram