Хафтор Бјорнсон, кој се прослави со улогата во серијата „Игра на троновите“ како Глегор „Планина“ Клеин, ќе дебитира во боксот. Тој ќе се пресмета со Стивен Вард, кој има учинок од 13-1 во боксот. Разликата во големината е очигледна и нивната битка ќе биде ревијална. Ќе ги видиме во рингот на 16 јануари 2021 година во Исланд.
Најсилниот човек на светот за 2018 година, Бјорнсон е тестиран против професионални борци само во спаринг, додека 30-годишниот Вард „Тивкиот човек“ е поранешен шампион на ВБО во тешка категорија. Вард на социјалните мрежи се заблагодари за можноста, иако е скоро двојно помал од Бјорнсон. Во последните месеци Бјорнсон ослабе многу и се подготвуваше за боксерски меч со Еди Хол.
Хафтор го сруши рекордот поставен од Еди Хол, кој прв крена 500 кг од мртва потисна сила. Потоа се закани дека ќе го нокаутира Хол на боксерски меч и објави дека потпишал профитабилна понуда да се бори со него. Еди Хол исто така напорно тренира за битката, за која се шпекулира дека ќе се одржи во 2021 година во Лас Вегас.
Допрва ќе видиме како „Планината“ ќе настапи во рингот против професионален борец.