Најновиот член на МКФ-КК Шкупи освои пет медали во Пеќ!

Skupi na Iberdemaj vo pec

Каратистите на Шкупи од Скопје го направија првиот меѓународен успех откако во саботата и официјално беше примен за член на Македонската карате федерација (МКФ), на Меѓународниот турнир „Хаки Ибердемај“ во Пеќ-Косово освоија пет медали, од кои еден златен и еден сребрен и три бронзени.

Веса Меља златниот медал го овои во кати заа млади деца до 8 години, а во кумите беше трета, додека Аида Ајдини освои бронзен и сребрен медал во кати за деца до 7 години и во кумите. Еулона Ајдини освои бронзен медал во кати за деца до 9 години.

-Јас сум задоволен од настапите на каратистите, имајки предвид дека ова беше прв нивен настап.Ваквите успеси се мотив за понатамошни ангажмани и потврда на досегашниот труд. Посебно задоволство ми е што освоивме златен медал во период од четири месеци, откако преминавме во спортско карате, – рече тренерот на КК Шкупи, Сабри Рамадани.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON