Најнерамноправната борба на ОИ: Легендата Ринер се бореше со 60 килограми послаб од него (ВИДЕО)

Француската џудо репрезентацијата ќе се бори во финалето за златниот медал во конкуренција на мешани екипи. Во четвртфиналето, Франција со 4:1 славеше над Јужна Кореја, а посебно впечатлив беше дуелот меѓу Теди Ринер и Ли Јунхванг.

Оваа борба е најнерамноправна на овие ЛОИ. Јунхванг кој има 83 килограми се обиде да го изненади легендарниот Ринер кој има 145 килограми. Дури 62 килограми беше разликата во тежина и јасно беше кој ќе победи.

Збунувачки беше одлуката на Јужна Кореја да го пријават Јунхванг за дуел против Ринер, а многумина веруваат дека тоа им било еден вид тактика затоа што нивниот најдобар „тешкаш“ беше повреден, па тие ќе се обидат со некој кој е многу побрз од Ринер да го изненади, но на крајот Французинот победи на атрактивен начин со ипон.

https://twitter.com/Eurosport_FR/status/1819678152093774171

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON