Најмистериозната смрт во историјата на спортот се случи пред 49 години! (ВИДЕО)

Сони Листон на почетокот на јануари 1971 година бил пронајден мртов во својата куќа, а обдукцијата потврдила дека починал на 30 декември 1970 година и тоа под неразјаснети околности, а порталот „Би-би-си“ потсети на големата трагедија.

Неговата сопруга Џералдина Листон доцна вечерта се вратила дома и пронашла весници на нивната влезна врата. Таа била во посета кај мајка си за Божиќ, па се брзала назад во Лас Вегас, зашто нејзиниот сопруг не се јавувал неколку дена.

Кога пристигнала, вратата била отклучена, а во куќата владеел мрак. Џералдина почуствувала несигурност, па се надевала дека ќе го види мажот на еден од неговите омилени места – можеби како игра карти или гледа ТВ, но наместо тоа, кога влегла во собата веднаш се почуствувал непријатниот мирис.

„Помислив дека готвел нешто и го оставил на шпоретот, но кога влегов таму, не пронајдов ништо“, открива во интервју неговата сопруга.

Својот сопруг го пронашла на спрта. Поранешниот боксер лежел на креветот само во долна облека. Неговото тело било надуено, а од нос се забележувала трага на исушена крв. Џералдина го однела нивниот седумгодшен син Даниел на долниот кат и му рекла таму да ја почека.

Не повикала полиција неколку часа, а според извештајот на полицијата, прво го повикала нивниот адвокат, а потоа очајнички ги барала докторите кои стигнале и го прогласиле боксерот за мртов. Од што починал и понатаму е една од најголемите мистерии во светот.

Постоеше сомнеж дека се предозирал со хероин, а во неговиот организам биле пронајдени трагови од морфин и кодеин, кои се создаваат при разградување на хероид. Но го немало доволно за да се потврди дека тоа е причината за смртта.

Од друга страна, неговата сопруга и пријателите тврдат дека тој никогаш не се дрогирал и се плашел од игли, но на крајот најмногу се споменува теоријата дека мафијата решила да го ликвидира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON