Ганџзадех го освои најлудото злато на овие Олимписки игри, откако во финалето губеше со 0-3 од Саудиецот Тарег Хамеди, кој со нога го удри во глава и го нокаутираше. Иранецот од татамите го изнесоа и на носилки, ама златниот медал не му избега, зашто Хамеди беше дисквалификуван на помалку од десет секунди пред крајот, кога безмалку имаше сигурно злато во рака.
Во каратето вакви удари најжестоко се казнуваат, зашто каратистите треба да покажат контрола во ударот, а не сила, па судиите пресудиле дека тој не демонстирал адекватна контрола, туку исфорсирал силен удар, па го казнија со „ханшоку“, односно му ја дадоа титулата на Иранецот.
Угур Акташ од Турција и Риутаро Арага од Јапонија ги освоија бронзените медали.
This is how the Men’s Kumite +75kg Gold Medal bout ended. A spectacular KO. However, the winner, Sajad Ganjzadeh, is the bloke who nearly lost his head..
Can’t understand how this is a DQ in a combat sport 🤷🏼♂️#olympics #bbcolympics pic.twitter.com/uaTipLmhOm
— Ryan Evans (@ryanevanstv) August 7, 2021