Борбата за титулата во полусредна категорија меѓу шампионите Камару Усман и Колби Ковингтон е предводник на настанот УФЦ 268 што се одржува овој викенд во Њујорк. Но, тоа нема да биде ниту единствениот меч за титулата.
Имено, во борбата за титулата Роуз Намахунас го брани појасот во мува категорија против Вејли Жанг.
Двата меча се реванш, Усман го совлада Ковингтон пред две години со прекин во петтата рунда, а Роуз во април годинава славеше со нокаут во првата рунда против Кинезинката.
Главната програма на настанот се отвора со одлична борба во лесна категорија меѓу двајцата предизвикувачи Џастин Гејџи и Мајкл Чендлер, кои вкупно имаат вкупно 29 нокаут победи.
Има уште нокаути на богатата програма на УФЦ спектаклот во Медисон сквер сарден, што особено ги израдува ММА љубителите.
А за дополнително да ја загрее публиката, најсилната светска ММА организација објави видео со најдобрите нокаути на борците кои ќе настапат на УФЦ 268: