Најдобриот спортист на Македонија, Емил Павлов, верува, иако по потешкиот пат, ќе обезбеди олимписка норма за Олимпијадата во Токио 2020 година, затоа што категориите 60 и 67 килограми се спојуваат во една и згора на тоа на Светското првенство не се оствари планираниот резултат, со што ќе се олеснеше работата за завршниот олимписки турнир.
„По неуспешното Светско првенство патот до Олимписките игри во Токио 2020 година е многу потежок. Отсекогаш верувам во мене, целта којашто сум ја зацртал да ја остварам. Во изминатиов период покажав дека можам и ги постигнав најдобрите резултатите за Македонија кои не биле постигнати. Како што кажавте, 60 и 67 килограми ќе бидат споени и ќе биде многу потешко, но јас се уште верувам дека имаме реални шанси, така што во 2019-тата има голем број на Премиер лиги на кои мора да оставиме добар впечаток, да освиме медал и на тој начин подобро да се приближиме на светската ранг листа. Потоа ќе има и еден завршен турнир во 2020 година што ќе се одржи во Париз, каде што 60 и 67 категориите ќе бида споени во една, а тоа е краен филтер, така што се надевам на поволен исход, да освоиме медал и да оставииме добар впечаток. Во наредниот период ќе имаме успешни подоготовки. Верувам во себе и доколку бидам правилно подготвен верувам дека ќе обезбедам олимписка норма“, изјави најдобриот спортист на Македонија каратистот Емил Павлов кој оваа престжна титула ја освои со златниот медал од Европското првенство.
Ipon.mk