Над 7.000 луѓе славеа со Јиржи Прохаска во Брно (ВИДЕО)

Јиржи Прохаска е голема ѕвезда во својата татковина.

Доказ за тоа е прославата што ја имаше во Брно, Чешка. Повеќе од 7.000 луѓе се собраа во родниот град на Прохаска за да го прослават освојувањето на титулата. Прославата се одржа на плоштадот Слобода.

Минатиот викенд во Сингапур „Дениса“ ја победи легендата Гловер Тешеира и му ја одзеде титулата во полутешка категорија. Така, Јиржи стана првиот шампион на УФЦ од Чешка. 29-годишната ѕвезда ја забележа 29-та професионална победа во ММА и влезе во серија од 13 последователни победи.

Сега ќе направи заслужен одмор и ќе размислува за одбрана на титулата на крајот од годината. Постојат неколку опции за тоа. Реванш со Тешеира, битка со Јан Блахович или битка со победникот од битката помеѓу Магомед Анкалаев и Ентони Смит.

Прохаска го избра Блахович, но се уште е нејасно што ќе одлучат Дана Вајт и УФЦ.

Вака беше пречекан Прохаска во Брно:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariel Helwani (@arielhelwani)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blesk.cz (@blesk.cz)

https://twitter.com/ParadigmSports/status/1536378186707005440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1536379165854748672%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Ffightsite%2Fufc%2Fvideo-ceska-slavi-svog-prvog-ufc-prvaka-pogledajte-spektakularni-docek-jirija-prochazke-15210264

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON