На Светското првенство во кендо настапија Атансовска и Лазаровска, утре машкиот тим ги почнува борбите

Денес почна 19. Светско првенство во кендо во Милано, Италија. На ова првенство учествуваат 800 натпреварувачи од 63 земји.

Македонската делегација се состои од 13 членови:
Златко Кесковски – претседател
Андреј Атанасовски – тим менаџер
Игор Никовски – тим менаџер
Пеце Андоновски – физиотерапевт
Натпреварувачите
Ангела Атанасовска
Ивона Лазаровска
Андреј Александров
Александар Кесковски
Владимир Пешков
Матеј Ивановски
Менсур Бојда
Глигор Дубровски
Александар Петрески

Учесниците во сите категории се во групи по тројца или четворица каде што понатака во елиминации излегува тој со најмногу победи односно поени.

Денес беше категорија жени индивидуално, при што настапија две наши репрезентативки.

Ангела Атанасовска беше во група со Лопутева од Латвија каде што извојува победа од 1-0, а загуби од Камија од Канада, која излезе како прва од групата. Ивона Лазаровска имаше победа над Моток од Романија и пораз од Хаеке од Белгија.

Утре настапува машкиот сениорски тим кој е во група со Венецуела, Хрватска и Германија. Нашиот тим мора да оствари 3 победи за да продолжи во 1/16 финалето.

На следниот линк може да се пратат борбите на нашиот тим кои би почнале некаде околу 14 часот.

https://www.youtube.com/@kendolivestreaming

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО