На „Прилеп – град херој 2017“ се очекува да настапат околу 250 џудисти

Во недела во Прилеп по девети пат ќе се одржи Меѓународниот џудо турнир за деца, пионери и кадети „Прилеп – град херој 2017“ во организација на ЏК Сеишин.

На турнирот се очекува да учествуваат околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Натпреварите започнуваат во 10 часот во салата на ООУ „Добре Јовановски“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON