Руските власти почнале заплена на имотот на легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов поради долг кон државата во висина од 3,4 милиони долари на име на данок.
Постапката е почната на 5 јули од кога на Нурмагомедов му е забрането да ја напушта државата, но тој во спомнатиот период воопшто не бил во Русија, туку на Европското фудбалско првенство во Германија, а во моментов е во Дубаи и не се огласува. Правосудните органи почнале процес на лоцирање на неговиот имот поради евентуална заплена и продажба. Забележано е дека тој поседува семејна куќа во Дагестан која му е одземена и импресивна колекција автомобили во вредност од околу 800 илјади евра. Нешто порано, даночната управа на Русија му ги блокирала сметките на организацијата Игл ФЦ, проект на Хабиб кој експрено пропадна, како и хуманитарни организации во негова сопственост.
Како што се влошуваа неговите правни проблеми со руската влада, Нурмагомедов е принуден да се раздели со својот најценет имот. Неговата колекција на автомобили вклучуваше Ферари Калифорнија Т, Мерцедес-Бенз АМГ ГТ С, Мерцедез-Бенз Ѕ-класа, БМВ серија 7, тојота лен крузер и тојота такома, чија вкупна вредност е околу 813 илјади долари.
Дополнително, одземен е и семејниот дом во Дагестан, според известувањата на Чемпионшип рунди, а вкупната вредност на запленетиот имот е околу 900 илјади долари. Иако ова е значаен удар, Нурмагомедов сè уште и должи повеќе од 2 милиони долари на руската влада.
Вкупниот имот на Нурмагомедов се проценува на 40 милиони евра поради што нема да биде проблем да го врати данокот од 3,4 милиони. Проблемот е во тоа што ако не успее да се спогоди, му се заканува затворска казна од шест години, а тој од некои причини не сака да ги уплати парите што ги должи.
View this post on Instagram