На Николоска и го украдоа бронзениот медал на Европскиот куп во Белград

nikoloska-i-dzigaros-evro-kup

На репрезентативката Катерина Николоска и го украдоа бронзениот медал на Европскиот џдуо клуб во Белград-Србија.

igor-sokate-i-berna-vo-belgrad-evro-kup

„Одлична презентација на џудистките на ЏК Миоки на Европскиот куп во Белград. Берна Шерифовска ја оставри првата победа на сениорски куп, додека, пак, Николоска стигна до полуфиналето. Во борбата за тертото место судиите повторно одлучија да поклонат медал, Катерина доби „измислен“’ казнен поен и загуби. Девојки денес навистина се гордеев со вас, без оглед на симптоматичните случки на татамите кои не може да се објаснат“, истакна тренерот Игор Паскоски.

Во категоријата до 63 килограми Николоска најпрво ја совлада Унгарката Кристина Полјак со ипон, а со истиот резултат славеше и над Емили Барт од Канада, а загуби од Русинката Дијана Џигарос со 1 ипон и 1 јуко. Во борбата за бронзениот медал со Луција Бабиќ од Хрватска губи со измислениот казнен поен, како што наведува Паскоски. На крајот Николоска го освои петото место.

Берна Шерифовска (-57) со 1 ипон и 1 јуко славеше против Србинката Марта Мирков, а во втората борба загуби од Кити Ковач од Унгарија со 1 вазари и 1 јуко.

Борче Ангелов (-66 кг) од ЏК Пролетер е поразен од Марко Грандиќ од Србија со 1 ипон спрема 1 јуко. И клупскиот другар Владимир Стојаноски (-73 кг) загуби во првата борба со 2 казнени поени од Србинот Филип Мосиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON