Една голема желба си исполни Стипе Миочиќ кога во 2015 година ја зпозна хрватската фудбалска репрезентација која во тоа време беше среде квалификациите за Европското првенство во Франција. Тогаш Стипе се најде Загреб за да тренира со Мирко Филиповиќ, а освен пријателството со Кро Кап, УФЦ шампион очигледно си изградил и пријателства со најдобрите хрватски фудбалери.
Во деновите додека го чека името на неговиот следен противник, Миочиќ го фати носталгија, па на тој период се присети со фотографијата од Марио Манџукиќ и напиша:
„Се чувствувам како да поминала цела вечност откако го видов Марио и момците на теренот. Ова лето морам да дојдам на натпревар на хрватскиот национален тим.