На Мек Грегор не му е важно во која категорија ќе се бори на УФЦ 200

Konor-McGregor-i-Nate-Diaz na soocuvnaje

Од УФЦ неодамна го најавија реваншот меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз, кој ќе биде главниот настан на УФЦ 200.

 Но протекоа информации дека Дијаз сака натпреварот да биде во лесна категорија, за да нема право Мек Грегор да се оправдува. Сепак, средбата ќе се одржи во полусредна категорија.

 Менаџерот на Мек Грегор, Ауди Атар, вели:

 „Непосредно, пред да го потпише договорот, Мек Грегор ми кажа дека слушал што зборуваат луѓето и ако сакаат средбата да се одржи во полесна категорија, така треба да биде. Договорот сепак беше потпишан за полусредна категорија. Во своја одбрана Конор вели дека му е се едно во која категорија ќе се бори. Претпочита да се бори во потешка категорија, за да докаже дека може да го победи неговиот противник и таму“.

 „Конор сам ги одредува потезите – ги слуша луѓето околу него и сам ги донесува одлуките. Го слуша мислењето на сите пред да донесе конечна одлука за средбата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON