На Катеринаа Ацевска судиите и го украдоа златниот медал на Европскиот куп во Марибор, Дарко Стојановски прв

Катерина Ацевска, буквално, е ограбена на Европскиот џиу џицу куп во борби и „Марибор опен 2019“ во Словенија. Таа остана без златниот медал кога веќе се израдува дека е шампион, но судиите со чудна одлука и ја одземаа победата. Ацевска се натпреваруваше во кадетска конкуренција (У-16) над 63 килограми.

„Срамен ден за Европска федерација. Кражба. При победа од 10-8 за Катерина, бришат еден ипон (бил на истек на времето) го носат резултатот на 8-8 и ја прогласуваат Германката за победник. Имаме видео запис. Даваме приговор. Го одбиваат со обазложение дека не е официјален видео запис“, напиша нејзиниот тренер и татко на Фејсбук, Александар Ацевски.

По мечот Германката се извинила, но си го земала медалот.

Дарко Стојановски освои златен медал против натпреварувачи од Словенија, Црна Гора и Босна и и Херцеговина.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON