Судиите му пресудија на Хамикоев во Атина!

Хамикоев во Атина

Нашиот репрезентативец во борење во грчко-римски стил, Тимур Хамикоев (- 85 кг), несреќно, а може да се рече и со помош на судиите, загуби од Мексиканецот, Лејва, панамерикански првак, на меѓународниот турнир „Олимпија„ во Атина-Грција.

Имено, борбата во 1/4 финалето заврши 2-2, а победата му беше доделена на Мексиканецот, иако нашиот борач водеше со 2-0.

Овој турнир е дел од подготовките за првите Европски игри во Баку, Азербејџан.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON