На Европските игри во Минск само со вајлд-карта, Далибор Богданов – самбо е сигурен учесник, Берат Јакупи најблиску до норма

За вторите Европски игри во Минск, Белорусија, од 21 до 30 јуни, засега имаме чертворица сигурни спортисти, затоа што ќе патуваат со вајлд-карта. За жал, се уште ниту еден спортист не освоил норма, но процесот на квалификации за Игрите во некои спортови се уште трае.

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК) истакнуваат дека за Минск ќе патуваат Далибор Богданов (самбо), Андреј Петровски (велосипедизам), Борјан Бранковски (стрелаштво) и Владимир Малевски (кајак).

Има шанси да се обезбедат норми во 15 спортови на континенталните шампионати, а засега според рејтинг листата најблизу е каратистот Берат Јакупи кој е на 7 позиција на ЕКФ листата. Ако сега се одржуваат Европските игри, тој е сигурен патник, но од 28 до 31 март се одржува Европското сениорско првенство во Шпанија, така што Јакупи ќе мора да има добар резултат за да ја задржи или поодбри сегашната позиција. И другите наши карате репрезентативци имаат шанси за насатап на ЕИ, под услов да имаат висок пласман, односно да освојат медал.

Да потсеттиме дека на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, освоивме два бронзени медали – каратистите Емил Пвалов и Мартин Несторовски.

Од друга страна, Агенцијата за млади и спорт се уште не ги направила промените во правилникот за нагрдаување со кои и Европските игри ќе влезеа во оваа класификација, аико тоа беше ветено уште во 2015 година.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON