Во Истра на почетокот на овој месец ќе се соберта најдобрите млади џудисти од Европа. Пореч ќе биде домаќин на јуниорското Европско првенство од 4 до 6 ноември, а од 9 до 10 ноември ќе биде домаќин на шампионатот за сениори до 23 години.
На Европското првенство за јуниори ќе настапат 412 џудисти од 40 земји (235 мажи и 177 жени), а 352 натпреварувачи од 36 земји (208 мажи и 144 жени) ќе учествуваат на Европските првенства за млади сениори.
На ЕП во Пореч се очекува настап и на наши џудисти по претходно исполнување на сите тестови и протоколи за Ковид-19.