Во сабота ќе се одржи Државното карате првенство за сениори во Скопје.
Првопласираните четворица каратисти наредниот ден (недела) ќе учествуваат на Плеј-оф турнирот на кој ќе се избере репрезентацијата за Европското првенство за сениори, кој ќе се одржи на ден 24. 02. 2019 год.
Место на збиднување е спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во населбата Маџари во Скопје, до ООУ „Наум Наумовски – Борче“.
Ката натпреварите според новите правила ќе дебитираат на нашите терени, затоа од Карате федерацијата на Македонија (КФМ) наложуваат натпреварувачите пред почетокот на секој меч на записничка маса да ја пријават катата која ќе ја изведуваат.
Интересно е кој ќе ги бодува/суди катите, бидејќи и досега имаше забелешки дека судат судии што не ги разбираат катите.
Атрактивни борби се очекуваат во категориите до 75 и до 84 килограми во машка конкуренција и во 55, 61 и 68 кг во женска конкуренција, додека во кати борба ќе водат Ферри Исиќ и Александар Неделковски.
Ipon.mk