На Доминик Круз не му треба менаџер: Каква е нивната улога кога УФЦ одлучува за се

Натпреварот во бантам категорија следниот викенд меѓу Доминик Круз и Марлон Вера е водечки на настанот УФЦ на ЕСПН 41 во Сан Диего.

Круз е еден од најдиректните борци во моментов кој ќе одговори на секое прашање без да размислува премногу.

И поранешниот шампион во бантам е еден од борците кој со години си ја врши менаџерската работа.

„Кога ќе пристигнете во УФЦ, потпишувате договор за четири или шест борби. Па зошто би платил некого да ми организира натпревари ако се е загарантирано после тој потпис?“, вели Доминик Круз и додава:

„Во други организации можеби има смисла поради спонзорите, но во УФЦ се дозволени само неколку. Менаџерите треба да преговараат со спонзорите, но за тоа долго време се грижи промоцијата. Поради ова, не гледам каква е улогата на менаџерот кога УФЦ донесува одлуки наместо вас“.

Американецот истакнува дека во некои други организации има смисла менаџер да ја води вашата кариера, бидејќи може да донесе спонзор.

Вака, Круз се застапува самиот себе што ја поедноставува целата работа.

„Јас лично разговарам со „мечмејкерот“ и веднаш знам што следува. А кога одам на интервју, сакам само противник кој е подобро рангиран од мене и датум кога ќе се бориме“, подвлече Доминик Круз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON