На овој ден во 1999 година, легендарниот тешкаш Мајк Тајсон запиша победа над Франсоа Бота.
Тоа беше првото појавување на поранешниот шампион по двата претходни порази од Ивандер Холифилд. Да потсетиме, во првата беше запрен од технички нокаут, за во реваншот да биде дисквалификуван поради каснување со кое му откина парче од десното уво на Холифилд.
Првиот противник по горенаведените пресметки му беше Јужноафриканецот Бота, борец кој во тоа време имаше 39 победи со еден пораз и една нерешена среда. Иако Бота го контролираше поголемиот дел од мечот, Тајсон во петата рунда повторно покажа зошто го памети историјата како еден од најсилните удиарчуи во спортот, но затоа и со неколку валкани потези потсети на својиот лош темперамент.
https://youtu.be/3C3BxYwhzQ4