Таеквондистот Дејан Георгиевски по дологодишен пост ја израдува македонската јавност со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио 2021 година.
„На денешен ден во 2021 година на олимписките игри во Токио стигнавме во финале и освоивме сребрен олимписки медал“, потсетува на Фејсбук тренерот Дарко Костовски и додава:
„Тој ден беше чист лавовски подвиг на Дејан Георгиевски, и совршена стратегија на стручниот тим предводен од д-р Борче Костовски.
Успех кој ја крена цела нација на нозе, успех кој остана запишан како најголем спортски успех во независна Македонија.
Успех кој покажа дека македонскиот спорт е жив! Олимписки македонски теквондо тим: д-р Борче Костовски, Дејан Георгиевски и мојата маленкост кој постави нови спортски стандарди, нови критериуми“!
Селекторот Борче Костовски во коментар додава:
„Каков ден!?
Македонски ден❤️
Историја е секако, но медалот е и иднина повеке од се друго!
Македонецот е победник!
Дејан е најдобриот спортист во независна Македонија“.