Тензиите меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор се едни од најжешките во историјата на ММА. Бројните тензии се покажа подоцна дека се „одглумени“, некои од големите ривали подоцна ги закопаа секирите, но омразата на Конор кон Дагестанците останува непоколеблива.
Мек Грегор и Нурмагомедов се бореа во 2018 година. Хабиб оттогаш се пензионира, Конор Мек Грегор официјално не, но шансите да се врати во кафезот се минимални. Сепак, прозивката од Ирецот често доаѓа преку социјалните мрежи. Мек Грегор често удира под појасот, навредувајќи го семејството, религијата и сите оние околу него на Хабиб. Хабиб главно го игнорира сето тоа, но оганот го испука неговиот братучед Усман Нурмагомедов.
„Конор веројатно се чувствува лошо што е тепан од Хабиб. Сака реванш, но мора да живее со тој пораз до крајот на животот. Неговите деца исто така мораат да живеат со тоа. Кога неговите деца ќе пораснат, кога ќе наполнат 18 години, луѓето ќе им кажат: „Еј, татко ви се обиде да направи некои луди работи, но дојде некој тип од Дагестан во САД и го претепа Вашиот татко “.
„Мора да живее со тоа и ќе умре со тоа знаење. Целото негово семејство, неговото наследство, сè ќе биде врзано за тоа. Тој загуби од Хабиб во меч што мораше да го победи. Хабиб му го разби лицето, неговиот тим и сè што работеше во текот на целата кариера. Откако Хабиб го победи, Конор никогаш не се врати“.
Мек Грегор често ги обвинува Нурмагомедовите дека се склони кон инцест, па не е чудно што братучедот на Хабиб изразил таков гнев. Не се сомневаме дека Мек Грегор многу брзо ќе одговори со нови навреди.