На Чарлс Оливеира не му се допаѓа што реваншот против Ислам Махачев ќе биде во Абу Даби

Ислам Махачев го освои шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија минатиот октомври во Абу Даби, откако го победи Чарлс Оливеира со завршница (задушување со рачен триаголник) во втората рунда.

Дагестанецот во февруари ја одбрани титулата против шампионот во перо категорија Александар Волкановски, а сега има нова одбрана на титулата.

Махачев ќе го брани појасот во реваншот против До Бронкс на 21 октомври на УФЦ 294. На Бразилецот не му се допаѓа што мечот повторно ќе се одржи во Абу Даби.

„Не знам дали беше правилно што го вратија неговиот меч на настанот во Абу Даби. Но, тоа е спортот, шампионот може да одлучи за тоа“, изјави Чарлс Оливеира и продолжи:

„Но, доаѓам по појасот, каде и да се бориме. Го правам тоа веќе 12 години и научив многу. Знам дека има настан и во Сао Паоло и сакав да ја добијам мојата шанса таму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON