На БП во кик бокс во Врбас ни ги сменија и името и претседателката – без објаснување

fyr macedonija

За време на Балканските првенство во кик-бокс, кое се одржа во Врбас, Србија, Македонија доживеа два тешки удари – на официјалното претставување на таблата беше напишано FYR Macedonia, иако нашата Кик боксинг федерација во ВАКО е примена како Македонија, и без објаснувања од претседателската функција на Блаканската кик бокс федерација е сменета Александра Неделковска.

Од друга страна, во самата објава на Бородот на директори покрај името и презимето на Александра Неделковска во заграда е напишано Македонија.

На сите досегашни натпревари е настапувано како Македонија, дури и во Грција 2010 година со кодот МКД, а во финалето Кристина Стојчевска го предаде мечот оти ја тераа да го смени дресот.

 Додека на состанок на Бордот на директори на Балканската федерација. Од седумте членови на Бордот на директори на состанокот присуствувале и четиримина од нив: Душан Килибарда (Србија), Али Оргиќ (Босна и Херцеговина), Иван Стругар (Црна Гора) и Владимир Ситар (Словенија). На предлог на Душан Килибарда, се гласало за промена на досегашниот претседател, Александар Неделковска (Македонија).

За претседател едногласно бил избран Владимир Ситар (Словенија).

Работата на генерален секретар и понатаму ќе ја извршува Марија Козлова (Бугарија), а на местото технички секретар е назначен Петар Петровиќ (Србија).

Како што наведува порталот на Српскиот кик бокс сојуз „новиот претседател го изразил своето задоволство од новата функција. На состанокот биле покренати нови иницијативи за работа Балканската федерација кои Бордот на директори треба во најкраток да ги достави на националните федерации. Усвоено е мислење дека оваа групација која вбројува 12 европски земји во кои кикбоксот е развиен како спорт, треба да ја зајакне својата дејност и да го отвори патот и содржината во наредниот период.

Останува непознато дали состојбата ескалира од некои други причини, особено по застанувањето на Борислав Пелевиќ на чело на Светската кик бокс организација (ВАКО).

Очекуваме официјален став на Македонската кик бокс федерација за случувањата во Врбас.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО