На 8 септември во Сарај ќе се одржи средбата на карате мајсторите „Вадо дан ден“

На 8 септември, недела, во Сарај-Скопје по 16 пат ќе се одржи средбата на карате мајсторите „Вадо дан ден“.

„Овие средби беа почнати во 2008 година како средба на вадорју мајсторите. Но, со текот на времето својата концепција ја промени и настанот се трансформира во средба на карате мајсторите“, вели Димче Јанковски КК Аеродром и додава:.

„Во убавиот амбиент, пријатната атмосфера и кафе муабетите, просто немаат крај. Се евоцираат спомени и случки кои го освежуваат памтењето.

Покана имаат сите карате мајстори кои сакаат дружба и средба со поранешните клупски другари или противници на спортскиот карате терен.

Се гледаме во Сарај на пријателска дружба“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО