Израел Адесања (24-4) се враќа на терените на 1 февруари во Ријад, каде се соочува со Насурдин Имамов (15-4) во главната борба на вечерта на УФЦ. Многумина веруваат дека Французинот со руски корени има свои шанси против поранешниот шампион, но според мислењето на Мајкл Пејџ (22-3) исходот е загарантиран во корист на „Изи“.
„Би ја заложил куќата на Адесања. Знам дека имаше некои подеми и падови, но тој едноставно има менталитет, вештини и одлучност да се врати. Разговаравме со тимот и дознав дека тие промениле некои работи, а се на пат да ги подобрат другите. Ова ја покажува неговата возбуда и мотивација додека работи напорно за да се прилагоди. Адесања ќе победи“, категоричен е „МВП“ во интервјуто за Покер скаут.
Во меѓувреме, „Веном“ за една недела ќе се загрее за пресметката на Адесања со Имавов, кој ќе се соочи со Шара Магомедов (15-0) во средна категорија.