Муслим Салихов минатиот викенд го совлада Аргентинецот Сантијаго Понзинибио. Тие беа предводници на гала вечерта на УФЦ во Денвер, Колорадо. Салихов е еден од оние борци кои на најдобрата ММА промоција во светот дојдоа со многу сериозно искуство. Можеби Салихов е еден од најнеобичните Дагестанци кои влегле во УФЦ.
Ако сите се навикнати да гледаат борци од овој регион со силна база во борењето, Салихов следи поинаков пат и почнува да вежба вушу санда. Салихов се стекна со слава дури и во Кина, каде што стана ѕвезда. Таму стана еден од најодликуваните претставници на вушу санда, освојувајќи го светскиот шампионат пет пати.
Тој го освои турнирот Санда ванг, со што ја доби титулата „Крал на кунг фу“. Муслим веќе 7 години се бори во УФЦ и сега има 40 години. Многу луѓе веруваат дека е премногу стар и дека треба да се пензионира. Салихов реши да одговори на овие апели и го рече следново:
„Имам нов договор и тоа е за уште три борби. Патот на воинот е пат на победи и порази! Друга опција овде нема. На сите што велат дека е време да се откажам, сакам да им порачам – никој освен мене нема да се грижи за мене, за моето семејство и за мојот болен син.
Затоа, пријатели мои, благодарам за советот, но ќе продолжам да го правам тоа што знам да го правам. Сакам да им се заблагодарам на УФЦ, Шон Шелби и менаџерот Али Абделазиз за можноста да се борам и да победам на највисоко ниво“, изјави Салихов.
Муслим има 20-5 во ММА и има 7 победи од 11 борби за организацијата на Дана Вајт.
View this post on Instagram