Гегард Мусаси ја одбрани титулата во средна категорија на Белатор, нокаутирајќи го Џон Салтер во третата рунда од главниот меч на Белатор 264 во Конектикат.
Мусаси се мачеше само во првата руунда откако Салтер го собори на партер и најверојатно по него водеше, но во следните две шампионот ја покажа својата класа.
И во следната рунда работите дојдоа до директен судир, но овојпат Мусаси го имаше одговорот задавајќи му граунд и паунд на предизвикувачот на самиот крај.
Во третата рунда, ништо не се случи за Џон Салтер, а шампионот, пак, не престана да го притиска противникот, а малку подоцна судијата интервенираше и го заврши мечот.
Ова беше трета последователна победа за 36-годишниот Гегард Мусаси. Холанѓанецот не го осетил вкусот на поразот од 22 јуни 2019 година кога загуби од Рафаел Ловато Јуниор со одлука во главниот меч на Белатор 223.
Резултати од Белатор 264:
Главна карта:
Гегард Мусаси – Џон Салтер со ТКО во Р3
Андреј Корешков – Сабах Хомаси со одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Руфон Стоц – Магомед Магомедов со одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Девен Френклин – Еверет Камингс со КО Р1
Каџимурат Бестаев – Тај Гелдер со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Воведни:
Пем Соренсон – Роберт Самад со одлука (28-29, 29-28 29-28)
Џефри Глоснер – Себастијан Руиз со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Џон Мекнил – Орландо Мендоза со ТКО Р3