Поранешниот светски шампион во полутешка категорија, Мурат Гасиев, го имаше долгоочекуваното деби во тешка категорија.
Очекувано, тој не се мачеше против гостиварецот Нури Сефери и го нокаутира во првата рунда од борбата, што се одржа во ВОВ/ WOW арената во Сочи (Русија).
Гасиев започна во свој вообичаен стил во напад од самиот почеток на рундата и откако тој и Сефери влегоа во рингот, тој го притисна Албанецот од Македонија на јажињата, каде што заврши со одлична комбинација, лево кроше и десен директ во брадата на противникот и тресна на подот. Иако Нури Сефери успеа да застане пред судијата да го заврши одбројувањето, тој не покажа дека може да продолжи и борбата беше прекината.